Украина зароби стотици руски војници, тврди Зеленски

by Fokus 17:43
17:43

Украинските сили заробија стотици руски војници, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува ДПА.

– Стотици, стотици затвореници. Меѓу нив има и пилоти на авиони кои ги бомбардираа нашите градови. Нашите цивили, рече Зеленски во видео пораката објавена денеска на Телеграм.

ДПА посочува дека информацијата не можела да се потврди од независни извори.

Обраќајќи им се на Украинците, Зеленски рече: Се бориме каде ќе биде границата. Помеѓу животот и ропството.

Украинскиот претседател уште еднаш им се обрати на луѓето во Русија: Граѓаните на Руската Федерација токму сега го прават истиот избор. Во овие денови. Во овие часови. Помеѓу животот и ропството“, рече тој.

Поврзани новости