Стандардното ниво на радијација во затворената нуклеарна централа во Чернобил е зголемено за седум пати, соопшти Украинската државна агенција за управување со зоната.
-Украина ја загуби контролата врз системот пред два дена. Најновите податоци покажуваат дека стапката на апсорбирана доза на сензорот во близина на складиштето за радиоактивен отпад „Вектор“ е надмината седум пати“, соопшти агенцијата.
Според Агенцијата, „тоа укажува на злоупотреба на безбедносните системи и немање потребна експертиза за заштита на нуклеарните капацитети“.
Агенцијата потсети и дека Украина ја информирала Меѓународната агенција за атомска енергија за губење на контролата врз нуклеарните и радијационите капацитети во зоната на исклучување.
-Го свртуваме вниманието на меѓународните партнери и организации на напорите на руските војници да ги окупираат нуклеарните централи во Украина и нивните напори за демонстративно зголемување на нивно присуство и распоредување опрема во близина на стратешките локации, додава Агенцијата во соопштението.