Украина се подготвува за можен напад од Белорусија

by Fokus

Украина ги зајакна своите сили во северниот регион близу границата со Белорусија со цел да се спротивстави на секој можен руски напад од тој правец, изјави заменик началникот на украинскиот Генералштаб, Алексиј Хромов.

– Во овој момент не се забележува создавање на ударни сили во Белорусија. Но, закани постојат и ќе ги има. Реагираме, веќе ги зголемивме нашите трупи во северниот правец, појасни Хромов.

Поврзани новости