Крилото на Зијадин Села се приклучи на Европскиот фронт на Ахмети

by Fokus

Крилото на Зијадин Села од Алијанса за Албанците се приклучи на Европскиот фронт на Али Ахмети, пренесува Коха.

Политичките аналитичари очекуваа Села да се приклучи на т.н Европски фронт на Ахмети, затоа што друга опција нема и бидејќи не може самостојно да кандидира листи.

– Нема никаква предизборна математика Села да настапи сам и логично е дека тој би се приклучил кон фронтот на Ахмети, каде што веќе како што гледаме тој фронт се проширува и ДУИ првпат по 2006 година прави широка коалиција. За волја на вистината со некои мали партии внатре, но тоа што е новина е тоа што турска и ромска партија за првпат се приклучуваат на една таква коалиција, кои традиционално биле во коалиција со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

Идејата на Ахмети е да го прошири гласачкото тело или потенцијалот за собирање гласови не само кај Албанците, туку надминувајќи ја и етничката припадност – вели аналитичарот Сефер Селими во Топ Тема на тв Телма.

 

Поврзани новости