Украина контра Радев кој смета дека снабдувањето со оружје ја разгорува и продолжува војната

by Fokus

Украина го критикуваше бугарскиот претседател Румен Радев за неговите изјави дека Киев е виновен за тековната војна и дека снабдувањето со оружје на Украина само го продолжува конфликтот.

Украинската амбасада во Софија вчера соопшти дека Киев ги прави сите можни напори да го врати мирот и го отфрли тврдењето на Радев дека снабдувањето со оружје на Украина ја разгорува и ја продолжува војната.

Амбасадата истакна дека обвинувањето на Украина за војната, што го направи бугарскиот претседател, е дел од руската пропаганда и хибридната војна во Европа.

Во соопштението се тврди дека обезбедувањето одбранбена опрема на Украина не води до зголемување на бројот на жртвите, туку значи, како што се наведува, дека може да се спасат повеќе животи, пренесе АП.

Претседателот Радев изјави дека сака „јасно да стави до знаење дека Украина инсистира да ја води оваа војна“.

Радев истакна дека треба да биде јасно оти цела Европа ја плаќа сметката за тоа.

Поврзани новости