473
Украина ќе добие 50 милиони евра од Европската инвестициска банка за набавка на вакцини против Ковид-19, изјави денеска премиерот Денис Шмигал.
Тој додаде дека парите ќе бидат потрошени и за набавка на модерна опрема за ладење во која ќе се чуваат вакцините.
Во Украина сè уште не е почната масовна вакцинација, а строгите рестриктивни мерки ќе бидат во сила до крајот на февруари.