Украина ги „троши“ Русите во Бахмут пред пролетната контраофанзива

by Фокус

Украинскиот град Бахмут сè уште е „најжешката област на линијата на фронтот“, изјави портпаролот на украинската војска за Си-Ен-Ен.

-Бахмут се уште е најжестокото место на линијата на фронтот. Сега има трета рунда борци од платеничката група Вагнер, која Русија ја заменува со редовната армија – рече Серхиј Череваџи.

Тој посочува дека замената на борци веројатно се случува поради конфликтот на Пригожин со раководството на руската армија.

-Првиот бран, кој беше испратен на фронтот минатиот февруари, го сочинуваа професионални војници, луѓе поврзани со ФСБ и Министерството за внатрешни работи. Вториот бран на вагнерци беше составен од мобилизирани затвореници, кои беа избришани од лицето на земјата кога Вагнер се обиде да ја пробие одбраната со „живо оружје – рече Череваџи.

Украина одлучи да се бори во разурнатиот град Бахмут бидејќи битката ги држи на тој фронт најдобрите руски единици пред планираната украинска пролетна контраофанзива, изјави помошник на претседателот Володимир Зеленски, Михаило Подољак.

-Имаме две цели. Да го намалиме нивниот способен персонал што е можно повеќе и да го ангажираме во неколку клучни заморни битки, да ја нарушиме нивната офанзива и да ги концентрираме нашите ресурси на друго место, за пролетната контраофанзива. Така, денес Бахмут е целосно ефикасен, дури и ги надминува своите клучни задачи – истакна тој.

Поврзани новости