Шела денес живее во Израел, а нејзиното потесно семејство брои над 20 членови.  Ниту еден од 541 штипски Евреин не го преживеа логорот во Треблинка.

Споменикот и еврејските гробишта трајно сведочат за некогашната еврејска заедница во Штип. Во нејзина чест штипјани го организираа маршот „Никогаш повеќе“.

-Тие што го сториле злосторството треба да ја сносат одговорноста. Историјата не може да ја променат. Фактите се јасни – рече Пепо Леви од Еврејската заедница.