Променливо облачно време со слаб дожд

by Фокус

Променливо облачно со слаб локален дожд – вакво време денеска прогнозира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Поврзани новости