493
По четири дена откако компанијата „Bin Bin“ постави електрични тротинети низ Скопје, три од нив се веќе украдени, информираше Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека досега се пријавени три кражби на ова алтернативно превозно средство, сопственост на турската фирма.
На социјалните мрежи изминатите денови имаше реакции дека веќе голем дел од тротинетите се оштетени, но и критики на адреса на турската компанија „Bin Bin“ за интеракцијата со клиентите.