451
На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, денеска, ја снема ѕвездата на македонскиот фудбалски репрезентативец, Горан Пандев.
Ѕвездата беше поставена во 2010 година како симбол на освоената титула Европски и Светски шампион со италијанскиот гигант Интер. Истата година беше реконструиран и струмичкиот плоштад.
Општина Струмица го осудува вандалскиот чин на крадење на ѕвездата на нашиот фудбалер Горан Пандев и случајот го пријави во полиција која изврши увид на местото каде што беше поставена ѕвездата на Пандев.