898
Црковното ѕвоно од црквата „Света Злата Мегленска“ во селото Сарај било украдено помеѓу саботата и неделата овој викенд. Камбаната била со тежина од околу 160 килограми.
Кражбата во полиција била пријавена вчера попладне од страна на 48-годишниот скопјанец Г.Ј. Се уште не е идетификуван крадецот, велат од МВР. Од таму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.