Груевски ќе одржи прес конференција во 13:30 часот

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во 13:30 часот, во просториите на Центарот за комуникации ќе одржи прес конференција за медиуми, информираат од партијата.

Груевски, претходно ги повика на протест своите сопартијци пред Основниот суд Скопје 1, каде што пред судија на претходна постапка се изведени екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и дел од пратениците кои ги отворија собраниските врати на крвавиот четврток на 27 април.

Поврзани новости