Укинат притворот за Здравко Савески и Владимир Куновски

by fokus

По барање на одбраната на денешното судско рочиште во Основниот суд 1 во Скопје, судот го укина притоворот на демонстрантите Здравко Савески и Владимир Куновски.

Според адвокатот Сашо Дуковски, ваквата одлука на судот е принципиелна, иако и на двајцата им е одредена мерка за претпазливост, односно да им се одземат патните исправи и да се јавуваат во одреден рок во судот.

Одбраната го оспори вештачењето што го изврши државното правобранителство, а судењето го одложи за 6 јули.

Тие беа обвинети дека ја демолирале народната канцеларија на Иванов, откако претседателот донесе одлука за помилување политичари.

Поврзани новости