УЈП ќе „упаѓа“ во трансакциските сметки на граѓаните

by fokus

Управата за јавни приходи (УЈП) ќе ги проверува платежните банкарски трансакции на граѓаните и фирмите барем еднаш месечно. Со тоа се укинува банкарската тајна, а УЈП ќе може непречено и постојано “да упаѓа“ во сметките на банкарските клиенти.

– Нема да има службена злоупотреба од нашите вработени и не постојат банкарски тајни, според законот кај нас. Ќе се проверуваат приливи од странство и одливи за да се види како ќе се вкрстуваат тие податоци со даочните пријави – изјави Сања Лукаревска, директорката на УЈП.

Поврзани новости