ФФМ: Испитувањата не покажуваат знаци на труење со храна кај младите фудбалери

by fokus

По информацијата од Државниот санитарен и здравствен инспекторат дека седум тинејџери од Академијата на ФФМ на возраст од 13-15 години добиле симптоми на труење од храна која што се консумирала во трпезаријата на Фудбалската федерација, денеска од ФФМ велат дека испитувањата не покажувале на знаци на труење со храна.

„Фудбалската федерација на Македонија во врска со случајот поврзан со Академијата на ФФМ ги доби резултатите од лабараториските испитувања во медицинската установа „Неуро медика”. Лабараториските испитувања кај сите фудбалери се во граници на НОРМАЛНИ вредности. Сите фудбалери се во добра општа состојба и полно здравје. Резултатите од дополнителните испитувања ќе ја утврдат објективната причина за случајот”, велат од ФФМ.

ДСЗИ вчера соопшти дека децата побарале лекарска помош во приватна поликлиника во Скопје. Во текот на утринските часови се појавиле следните симптоми: гадење, тежина во стомак, пролив, главоболка, вртоглавица, но со полесна клиничка слика.

Поврзани новости