УЈП издаде налог за инспекции во повеќе од дваесет граѓански здуженија кои го набљудуваат изборниот процес. Инспектори веќе влегоа во 11 здруженија на граѓани, а налог испратиле до уште десетина.
Сите што ги испитува инспекцијата се членови на иницијативата „Ние одлучуваме” кои ги следат изборите и регистрираат нерегуларности и повреди на гласачкото право.
Како што јави „Телмa”, инспекциите почнале во вторникот,а продолжиле и денеска, а на здруженијата им била барана финансиската документација, договорите за ангажирање на луѓе, исплатата на даноци и проекти на кои работат итн.
Меѓу оние во кои е најавана инспекција или пак влегла се и Хелсиншкиот комитет за човекови права „Акција Плус” – Ресен, МКЦ-Битола, „Паткис” – Прилеп, Организација на жени Струмица и други.