„Неподвижна” чистачка фатена на работа и однесена в полиција

by fokus 18:45
18:45

Хигиеничарка од гимназијата „Никола Карев”, која имала лекарско уверенија дека е неподвижна и дека ќе гласа во домашни услови, денеска била затекната на работно место, пишува САКАМДАКАЖАМ.МК. „Неподвижната” чистачка полицијата ја фатила на лице место, па ја привела во станица на сослушување.

Инаку, од МВР потврдија по анонимна пријава, отвориле случај за  масовно издавање на специјалистички и субспецијалистички упати и извештаи на 29 лица, со невистинита содржина дека се неподвижни лица.

- Advertisements -

Осомничена е докторка од „Геронтолошкиот завод 13 ноември“ во Ѓорче Петров, дека издала 58 специјалистички упати и супспецијалистички извештаи за 29 лица како неподвижни иако истрагата на терен покажала дека некои од нив одат и на работа.

Директорката на Геронтолошкиот завод, Ленче Неловска вчера ги демантираше тврдења кои ги испитува и полицијата дека заводот спротивно на законот издавал лекарски уверенија на здрави лица за тие да гласаат како болни и немоќни, во домашни услови еден ден пред изборите.

Поврзани новости