Албанија испраќа 100 илјади евра помош за Македонија

by fokus

 Албанија ќе донира сто илјади евра помош за поплавените подрачја во Македонија.

– Ова е првичен фонд, бидејќи македонските власти се уште немаат целосен, јасен биланс за причинетата штета и барањата. Албанија е секокаш до Македонија во секој момент – изјави министерот за финансии Дитмир Бушати.

Тој додаде дека ќе останат во контакт со македонските власти околу предизвиканите штети, со цел помошта да продолжи.

Поврзани новости