446
Нов влажен и студен бран ќе ја зафати Македонија од среда, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во северозападните, северните и источните делови од земјата, а ќе дува и засилен ветер од јужен правец.
Во вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток поради спуштање на постуден воздух од север, на планините врнежите ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка. Дневната температура ќе опадне и ќе се движи од 9 до 17 степени.

Од УХМР соопштуваат дека повторно стабилизирање на времето се очекува од петок.