Угриновски повторно избран за претседател на Планинарската федерација

by fokus

Јовица Угриновски доби трет мандат на чело на Федерацијата на планинарски спортови. На денешното собрание 24 претставници на планинарски здруженија гласале за да остане претседател на федерацијата, двајца биле против а шестмина биле воздржани. Тој беше и единствениот кандидат. Другите двајца кандидати кои биле предложени од планинарските друштва сами се повлекле.

Планинарката Југослава Дуковска која гласаше против, вели дека третиот мандат на Угриновски е спротивен на статутот на федерацијата, според кој еден ист претседател не може да биде избран повеќе од два последователни мандата. Но зошто не се согласува со негвиот реизбор е и моралната одговорност поради смртта на младите планинари Калина и Александар на Кајмакчалан во февруари годинава, објави телевизија Телма.

 

 

Поврзани новости