УЕФА планира да го казни Нејмар поради зборови упатени кон судијата

by fokus

УЕФА може да преземе дисциплински мерки против ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар. Причината се зборовите на фудбалерот упатени кон судијата на реванш-дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед.

Бразилскиот репрезентативец може да добие казна од цели три средби, иако дури и не зеде учество во овој дуел. Напаѓачот беше повреден и го проследи несреќниот за неговиот тим натпревар од трибините.

– Ова е срамно. Се потпираме на четворица луѓе, кои не се разбираат од фудбал, да гледаат на забавено повторување пред телевизорот. Нема ништо. Каде тој (Кимпембе) да ги стави рацете, напиша Нејмар на социјалните мрежи.

Неговата изјава може да биде проблем, бидејќи ги прекршува правилата на УЕФА. Во Член 11 од дисциплинскиот правилник на УЕФА се наведува дека ако „однесувањето на играч е навредливо или на друг начин ги крши основните правила за достојно однесување, може да бидат преземени дисциплински мерки против него“.

Поврзани новости