386
60-годишен жител на село Самоков загина во сообраќајка, откако со своето товарно возило излетал од патот и удрил во дрво. На пат кон болница им подлегнал на повредите.
„На регионалниот пат Прилеп-Кичево, во атар на село Русјаци, вчера во 12.05 часот товарно возило „Фиат Дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.З.(60) од село Самоков-Македонски Брод, излетало од патот и удрило во дрво. На пат за болницата во Прилеп, Р.З. им подлегнал на повредите, а сопатникот С.А. (18) од село Ковач-Македонски Брод бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде му биле констатирани телесни повреди.“