Апелација се уште без одлука за Груевски и Поповски за „Тенк“

by fokus

пелацискиот суд Скопје се уште нема донесено одлука по жалбата на првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“, потврдија за МИА од Судот.

Од Апелација појаснуваат дека откако ќе биде донесена одлуката Судот во рок до 60 дена ќе треба да ја изготви.

На јавната седницата на Апелацискиот суд на која се расправаше по жалбата на првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“, претседателката на судечки совет Цветанка Периќ рече дека одлуката ќе биде објавена од Кривичен суд до каде ќе биде испратена.

По првостепената пресуда за „Тенк“ поднесени се шест жалби, четири од адвокатите на Груевски, една лично од Груевски и една од Ѓоко Поповски.

Поврзани новости