433
Вчера околу 23 часот во Скопје, на крстосницата од булевар „Партизански Одреди“ со улица „Франклин Рузвелт“, од страна на полициски службеници се преземале службени дејствија за контролирање на возачи кои управуваат моторцикли.
При обид да се сопре и контролира возач кој управувал мотор „Јамаха“ без регистарски ознаки, истиот не застанал на даден знак и со предниот дел од моторот удрил во еден полициски слижбеник при што со моторот паднал на коловозот.
Од ударот полицискиот службеник се задобил со повреди и со возило на Итна мединска помош е пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“. Мотоциклистот, лицето Р.К.(22) од Волково, е приведен и се работи на расчистување на случајот.