Лада Нива удрила во Томос, мотоциклистот со тешки повреди

by fokus

Вчера во 17:20 часот во Битола на крстосница од улица „Никола Тесла“ и улица „Солунска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Лада Нива“ со битолски регистарски ознаки управувано од М.С.(24) од село Лисолај, битолско и моторцикл „Томос АПН“ исто така со битолски ознаки управуван од Р.Ј.(52) од Битола.

Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Р.Ј., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Битола каде му била укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости