Удрил двајца пешаци и избегал од местото на настанот

by fokus

Вчера околу 17.30 часот на пешачки премин на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово патничко моторно возило „Голф“ без регистарски ознаки удрило во пешаците А.Д.(22) од село Џепчиште, тетовско, и Б.Т.( 22 ) од село Гајре, тетовско, по што го напуштил местото на настанот.

Притоа, пешаците се здобиле со повреди и биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости