Го оставил автомобилот на паркинг со клуч на брава цела ноќ, некој му го украл

by fokus

Утрово во 07.45 часот во Полициската станица Кисела Вода, Т.Ј.(55) од Скопје пријавил дека во периодот од 22.00 часот на 15.05 до 06.30 часот на 16.05.2018 година од паркинг на улица „Димо Хаџи Димов“, од страна на непознат сторител му било одземено неговото патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, кое било незаклучено и со оставен клуч на бравата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.   

Поврзани новости