„Удар“ денеска протестира против лошите политики на власта

by Фокус

Движењето „Удар“ по третпат денеска ќе протестира против лошите политики на власта. Тие својот протестен марш ќе го почнат пред Собранието, а ќе заврши пред Владата.

Од „Удар“ излегуваат со многубројни барања, упатени на адреса на владата како попис на населението, ревизија на „Скопје 2014“, студентите во домови да добиваат легла без партиска книшка, решавање на проблемите на стечајците и другите ранливи групи граѓани, слобода на медиумите, бесплатен превоз за студентите од внатрешноста што студираат во Скопје и тридневна бесплатна карта за студентите од Скопје.

Удар ќе побара властите да ги пронајдат напаѓачите на ЛГБТ центарот во Скопје, слобода за граѓанскиот сектор, поголема грижа за лицата со хендикеп и за нивните семејства, како и отстранување на манипулациите што им се прават на лицата со хендикеп во државата.

Поврзани новости