Учениците Македонци од тетовската гимназија на први септември нема да започнат со настава

by fokus

Поради игнорантскиот однос од страна на надлежните за решавање на проблемот со мизерните услови за учење за учениците Македонци во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, родителите на учениците соопштија дека на први септември ќе одржат протест и наставата нема да започне.

-И покрај сите наши преземени чекори до сите надлежни институции редоследно и после скоро две години од нашите барања за трајно решавање на просторниот проблем на Гимназијата Кирил Пејчиновиќ од Тетово се одлучивме на протестен марш кој ќе започне во 8 часот на 1 ви септември во дворот на Работничкиот универзитет Кочо Рацин каде се наоѓаат канцелариите на Бирото за развој и образование и инспекциските служби на МОН до општинската зграда во Тетово, се вели во повикот од родителите и професорите на учениците.

Тие најавија дека доколку и после овој протестен марш продолжи игнорантскиот однос, ќе следи целосен бојкот на наставата.

Поврзани новости