СДСМ: По повлекувањето на Даути нема пречки за формирање на телото за медиуми

by fokus

Откако Даут Даути објави дека се повлекува од трката за петти член на ад хок телото за медиуми, од СДСМ излегоа со реакција дека сега веќе нема пречки тоа да се комплетира.

-Го поздравуваме повлекувањето на Даут Даути од кандидатурата за петти член на Ад хок телото за мониторинг на медиуми за време на избори. Со тоа, веќе не постои натамошна пречка, четворицата избрани членови да го изберат единствениот преостанат кандидат и да го комплетираат составот на телото, се вели во соопштението од СДСМ.

Утрово Даут Даути со писмо до Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги соопшти дека се откажува од трката за петти член на ад хок телото. Сега во трката остана само Сефер Тахири.

Поврзани новости