450
Суд во Анталија, Турција, осуди 16-годишен ученик на 4,5 години затвор бидејќи бакнал 13-годишно девојче во училиштето, пишува „Хуриет дејли њуз”.
Засегнатиот 16-годишник и неговата три години помлада „партнерка“ се прегрнувале и бакнувале на територијата на училиштето, а случајот стигнал до судот, откако соученик на девојчето ги снимил и го споделил видеото со пријатели. Момчето потоа било обвинето и осудено за сексуален напад.
Одбраната тврдеше дека тинејџерот го сторил тоа „воден од пубертетски нагони и не треба да биде казнет“, но обвинителот и судијата не го зедоа тоа предвид.