Учебници ќе има до ноември, а МОН ќе им помогне на училиштата, ветува Шаќири

by fokus

Министерот за образование, Јетон Шаќири очекува до крајот на октомври, почетокот на ноември, учениците од прво, второ, четврто и петто одделение да добијат учебници.

-Искрено, кога велиме не добија буквар, добија подготвителни материјали што се однесуваат на него. Има две фази на одредување на постапките. Една постапка е поврзана со Комисијата, доставување на наставни програми, повик до автори. Образложив дека во овој период сакав да немаме временски притисок врз авторите за да имаме изработка на квалитетни учебници и за математика и за другите предмети и за букварот итн. Другата постапка е поврзана со процесот на ребаланс на буџет, а истовремено се организираше и постапка кадешто имаше временски рокови во кои требаше да заврши таа постапка, вели министерот Шаќири во интервју за Радио Слободна Европа и најави учебници до ноември.

Министерот Шаќири се согласува дека има ризик за наставата со физичко присуство. Вели дека проблемот ќе се решава во работна група, а се чешлаат и сметките за да се види дали има заостанати пари од блок дотации од минатите години, како и други средства кои може да се пренаменат за греењето.

Вели дека проблемот ќе се решава во работна група, а се чешлаат и сметките за да се види дали има заостанати пари од блок дотации од минатите години, како и други средства кои може да се пренаменат за греењето.

-Ако имаме неискорестени блок дотации, ние тие блок дотации ќе можеме да ги организира и да се користат за можноста училиштата да не се затворат, кажа Шаќири.

Поврзани новости