Земан во одбрана на Русите кои бегаат од мобилизација: Заслужуваат азил во Чешка како и Украинците

by Fokus

Чешкиот претседател Милош Земан се спротивстави на одлуката на владата да не ги прими Русите кои бегаат од мобилизација во Чешка и денеска во интервју за телевизијата Прима предупреди дека луѓето што бегаат од Русија не се безбедносен ризик и оти треба да им се дадат хуманитарни визи.

„Мислам дека треба да им дадеме хуманитарни визи на тие луѓе, како и на украинските бегалци. Човек што бега од Русија не е безбедносен ризик. Оваа мобилизација опфаќа милион луѓе, па сосема е јасно дека е топовско месо со се што оди со тоа, рече чешкиот претседател.

Поврзани новости