424
Пет лица се осудени на смртна казна, а тројца се осудени на 24 години затвор за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, соопшти јавниот обвинител на Саудиска Арабија.
Поранешниот кралски советник Сауд ел-Катани е сослушан и ослободен.
Кашоги беше убиен на 2 октомври 2018 година, во саудискиот конзулат во Истанбул, каде дошол за да добие документи за да се ожени со својата свршеница.