Полицијата денеска преку Интерпол распиша меѓународна потерница по Бојан П. (30) од Охрид, осомничен за убиство.
Пред точно една недела Бојан П. и неговиот пријател пристигнале со автомобилот на летната тераса во „Император“ по што се случила жестока кавга и турканица помеѓу Бојан и сега починатиот Р.Ѓ. Напаѓачот го удрил неколку пати со рака по лицето, по што извадил пиштол, испукал еден куршум и го погодил во рамото. Тешко повредениот се обидел да бега кон рецепцијата на хотелот „Император“, но притоа бил погоден со уште два куршуми.
Во близина на хотелската рецепција, Бојан бил пресретнат од В.Р. (56) сопственик на „Император“ кон кого убиецот испукал еден куршум погодувајќи го во пределот на градниот кош.
Веднаш потоа, истрчал кон летната тераса каде го чекал неговиот пријател Р.С. и со истото возило избегале, а на пресекот на улиците „7 ноември“ и „Васил Главинов“ пиштолџијата излегол од возилото и избегал.