459
Нермин Сулејмановиќ, кој на 11 август во Градачац, Босна и Херцеговина, ја уби сопругата и уште две лица, а потоа се самоуби, на 16 август планирал да се ожени со друга жена и да замине во Германија каде што ќе отвори теретана, објави „Аваз.ба“.
Сулејмановиќ ја уби својата невенчана сопруга и уште две лица, а откако се обидел да побегне се самоубил пред очите на полицијата.
Тој ден Сулејмановиќ го сними убиството во живо на Инстаграм, а видеото беше отстрането три часа подоцна.