Пендаровски: Аман со Бугарите веќе, сега требаше да зборуваме за реформи

by Фокус

Денешното гласање го потврди тоа што го знаевме од претходно – ако се гласа денеска двотретинско мнозинство нема, но тоа не значи дека и во иднина нема да има, вели претседателот Стево Пендаровски.

Претседателот вели дека опозицијата потврди дека концептот на Европската унија во Македонија пропадна и тоа, според него, е срамно и погубно, бидејќи земјата одамна има утврдено во која насока сака да се движи.

-Што е друга алтернатива на ЕУ? Неврзаните или неутрални да бидеме? Која е алтернативата, ќе прави ли Мицкоски двотретинско мнозинство со истите политички структури и дали ќе се враќаме на старата дебата од 1991 за тоа дали ќе одиме на запад или исток? – рече тој.

Пендаровски смета дека тоа што земјата го има на маса е нешто што е најдобро за земјава и не може да поверува како опозициската ВМРО-ДПМНЕ се мајтапи” со францускиот предлог од една од најмоќните земји во унијата, кој го нарекува бугарски диктат.

-Сметам дека опозицијата не е во право бидејќи пред три години знаеме кај бевме и кај сме сега. Не го знам планот на Владата, но може за неколку недели од сега ќе одат на гласање. Јас реков уште претходно одма да почнеме да видиме дали имаме 80 или не и да не се бавиме со Бугарија секој ден. Аман со Бугарите веќе, јас мислам дека требаше минатата есен да го завршиме тоа а сега да зборуваме за реформи – истакна тој.

Поврзани новости