443
Лицето кое попладнево под силно полициско обезбедување беше донесено на распит во Специјалното јавно обвинителство е убиецот на Мартин Нешковски, поранешниот полицаец Игор Спасов, јавува Алсат М.
Бројни полициски возила дојдоа како придружба на Спасов, кој во моментов ја издржува затворската казна за убиството на Нешковски. Полицаецот Спасов беше осуден за делото како единствен извршител, кој во 2011-тата година на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ го претепа со смрт младиот Мартин Нешковски.
Денеска на распит во Специјалното јавно обвинителство беше донесено лице кое во моментво е на издржување на затворска казна, кое беше спроведено на стандарден начин со полициска придружба, рекоа од Специјалното обвинителство.