Под силно обезбедување донесено лице на распит во Специјалното обвинителство

by Фокус

Лице кое во моментов е на издржување на затворска казна попладнево било на распит во Специјалното јавно обвинителство, потврди за „Мета“, портпаролката на СЈО, Ленче Ристовска.

-Не станува збор за ништо страшно. Денеска на распит во Специјалното јавно обвинителство беше донесено лице кое во моментво е на издржување на затворска казна, кое беше спроведено на стандарден начин со полициска придружба, изјави Ристовска за Мета.

Осуденикот, чиј идентитет не се открива, бил донесен со посебно полициско возило, придружувано од полициски екипи во неколку џипови кои чекале на булеварот пред Специјалното јавно обвинителство.

Поврзани новости