Поповски: Ќе немаме доволно луѓе за работните места што се отвораат

by Фокус

Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, денеска присуствуваше на дебата на тема „Актуелните предизвици на процесот на иселување на високообразувани млади луѓе“, на која рече дека во Македонија се отворале толку работни места што во Агенцијата наскоро може и да нема доволно невработени кои ги пополниле местата.

-Секојднево во Македонија се отвораат отприлика 500 до 600 работни места, еве вчера се отворени првите работни позиции во „Џонсон контрол“ во Штип, каде се бараат многу експерти. Јас вчера разговарав со нив, ние не ќе можеме да обезбедиме доволно лица во Република Македонија, рече Поповски.

Поповски убедуваше дека за вработување во западните држави се нуделе работни места кои се платени под цената на трудот и тоа биле работни места кои се многу ризични и во кои се губеле многу животи за една година.

Поврзани новости