507
52 годишна жена и нејзиниот 29 годишен син утринава биле пронајдени мртви во куќа во скопско Козле. Тие биле турски државјани, а во Македонија биле дојдени на гости и престојувале во куќата каде се убиени.
Според полицијата, жртвите имаат прострелни рани во пределот на главата, а биле застрелани додека спиеле. Неофицијално, при убиството бил употребен пиштол со пригушувач. Мајката и синот престојувале на долниот спрат, а на горниот спрат биле домаќините.
Човекот кој беше пред куќата каде се случи двојното убиство, на новинарските екипи не им дозволи да снимаат, бидејќи, како што рече, така му наложиле од полицијата.