Попладнево е убиен средношколец од средното медицинско училиште. Убиството се случило населбата Ѓорче Петров, во близина на болницата Св. Лазар. Во моментов, во населбата е тензично и масовно се собираат жители од населбата и членови на семејството на убиениот А.П., роден во 1995 година.
Полицијата го потврди убиството. Приведен е еден осомничен кој во моментов е на распит во полициска станица. Според првичните сознанија, сега убиеното момче и неговиот татко забележале како едно лице се обидува да украде велосипед од еден од дворовите во Ѓорче Петров. Тие го забележале и почнале да го бркаат. Синот бил побрз и прв успеал да го фати крадецот, кој кога се свртел, му нанел два убоди со нож во срце на момчето.
Неофицијално, осомничениот во полициска станица пред половина час го потврдил делото. Повеќе информации за убиството се очекуваат во текот на утрешниот ден.