Што содржи стратегијата за идно делување на СДСМ?

by Фокус

Стратегијата за идно делување на СДСМ, која треба да ја верификуваат највисоките партиски органи, содржи политички и оперативен дел, вели за Фокус висок партиски фунцкионер. Според него, таа претставува платформа врз основа на која најголемата опозициска партија ќе го темели своето однесување по непризнавањето на изборните резултати. Во неа, додава тој, предвидени се низа мерки чија цел треба да биде создавање на услови за спроведување на фер, демократски и слободни избори.

– Нашата цел не е само техничка влада. Кој било може да застане на чело на МВР, но тоа ништо нема да ни вреди ако полицајците повторно бидат ставени во функција на владејачката партија. За фер изборен натпревар, потребно е да се утврдат механизми и процедури кои ќе ги спречат тие појави. Исто така, неопходни се суштински промени и во медиумската сфера, посебно во делот на функционирањето на јавниот сервис, како и при насочувањето на јавните пери кон сите медиуми – објаснува нашиот соговорник.

Покрај таквите заложби, тој истакнува дека партијата ќе го проверува избирачкиот список од место до место, ќе формира влада во сенка, која долго време се најавува, но и паралелен, таканаречен уличен парламент, со организација на дебати на отворено, ќе потегне различни граѓански иницијативи со собирање на потписи за чувствителни прашања…

-Најрадикалното користење на улицата е крајната, последна алтернатива, откако ќе бидат исцрпени сите други методи – потенцира сдсмовскиот функционер.

Поврзани новости