Тензично во Ѓорче, запален дуќан!

by lali 22:47
22:47

Се уште е тензично во Ѓорче Петров, во моментов гори ќебапчилница и екипата на противпожарна заштита се обидува да го изгаси. Жителите на скопската населба излегоа револтирани на улиците откако попладнево беше убиено момче на 18 годишна возраст во расправија околу украден велосипед.

Полицијата ги блокираше улиците во близина на болницата Св. Лазар каде и се случи инцидентот.

Попладнево беше убиен средношколец од медицинскоте училиште. Убиството се случило населбата Ѓорче Петров, во близина на болницата Св. Лазар.

- Advertising -

10288755_10152063340971583_1709506391798398238_n

Полицијата приведе еден осомничен и тој веднаш беше однесен на распит во полициска станица. Според првичните сознанија, сега убиеното момче и неговиот татко забележале како едно лице се обидува да украде велосипед од еден од дворовите во Ѓорче Петров. Тие го забележале и почнале да го бркаат. Синот бил побрз и прв успеал да го фати крадецот, кој кога се свртел, му нанел два убоди со нож во срце на момчето.

Неофицијално, осомничениот во полициска станица пред половина час го потврдил делото. Повеќе информации за убиството се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Поврзани новости