Виолетов ден за зголемување на свеста за епилепсијата

by Фокус

Хуманитарен настан по повод 26 Март – Светскиот ден за борба против епилепсија (Виолетов ден) ќе се одржи денеска во Скопје. Виолетовиот ден е посветен на напорите за зголемување на свеста за еплипесијата во светот.

Здружението „Епилепсија Македонија“ во соработка со Лигата за борба против епилепсија организира активности под мотото „Различни, а сепак исти“ на плоштадот „Македонија“ и во „Скопје сити мол“ и на градскиот плоштад во Прилеп.

Во „Скопје сити мол“ ќе се одржи едукативно предавање за епилепсијата и проблемите на лицата со таа болест, а поддршка на настанот ќе дадат повеќе артисти со свои настапи.

Поврзани новости