490
Полицијата денеска уапси група од поранешни функционери во Министерството за одбрана и бизнисмени под сомнеж дека во перидот од 2004 до 2009 година прикажувале нерално големи цени за сервисирање на шест хелихоптери со што ќариле преку 2,7 милиони долари.
Припадниците на МВР во денешната акција приведоа осум од деветмината осомничени, бидејќи еден од нив се наоѓа на болничко лекување. Меѓу уапсените се поранешни началник и раководител на Секторот за логистика при Министерството за одбрана и сопственици и управители на приватни фирми, меѓу кои , според пишувањата на медиумите, и поранешен пратеник на СДСМ.
Приведените се товарат за злосторничко здружување, перење пари, фалсификување и уништување на деловни книги.