ЗНМ: Собрани се најголем дел од парите што „Фокус“ треба да му ги плати на Мијалков

by Фокус 12:50
12:50

ZNM fondЗдружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во рок од десетина дена собра најголем дел од потребните 9.300 евра колку што новинарите на весникот „Фокус“ треба да му платат на директорот на УБК Сашо Мијалков по основа на тужба за клевета. Шест илјади евра „Фокус“ треба да му плати директно на Мијалков, додека остатокот се за трошоци на целиот судски процес.

Апелациониот на почетокот од септември ја потврди одлуката на основниот суд дека уредничката Јадранка Костова и новинарот Владо Апостолов треба да платат 9.300 евра за клевета.

- Advertising -

– Ова е успех на новинарите и ЗНМ, бидејќи се покажа дека зајакнува солидарноста меѓу новинарите и втората причина е тоа што зад новинарите застана македонската демократска јавност. Успехот е силна порака дека новинарите нема да се скршат лесно со закани. Денеска сме обединети околу новинарите до „Фокус“, утре ќе се обединиме со секој на кој ќе му биде потребна нашата поддршка – изјави претседателот на ЗНМ Насер Селмани и порача дека до петок може да донираат сите оние коишто од објективни причини немале шанса тоа да го сторат до денеска.

Уредничката на „Фокус“, Јадранка Костова вели дека иако мнозинството медиуми не ја објавиле веста, акцијата се покажала успешна благодарение граѓаните и на колегите.

– Задоволна што најголем дел од средствата се собраа, иако најголем дел од медиумите не ја ни објавија веста за казната, ниту пак повикот за отварање на солидарниот фонд – изјави уредничката.

Акцијата на ЗНМ трае до понеделник.

Поврзани новости