Според ВМРО-НП бензниот може да биде далеку поевтин

by Фокус 15:58
15:58

ВМРО –Народна партија реагира поради начинот на кој Регулаторната комисија ги утврдува цените на нафтените деривати.

– Во услови кога имаме рапидно опаѓање на цената на суровата нафта на светскиоит пазар, кое за последниве три месеци изнесува повеќе од 25 отсто, сметаме дека 8 проценти кумулативно намалување на малопродажната цена од страна на Регулаторната комисија,  за овај период е минимално – велат од партијата на Љубчо Георгиевски.

- Advertising -

Оттаму аргументираат дека сите параметри врз основа на кои се определува малопродажната цена на нафтените деривати се во постојано опаѓање.

– Владата да побара други извори за полнење на буџетот и да се откаже од делот од профитот што според методологијата неоправдано го приграбува за себе, со што малопродажните цени на дериватите би имале пореална цена , далеку пониска од сегашнава – велат од партијата.

Поврзани новости