Уапсени петмина гостиварци, меѓу кои и малолетник, за кокаин и марихуана

by fokus

Полицијата приведе пет лица од Гостивар кај кои е пронајдена марихуана и кокаин.

МВР денеска соопшти дека полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар синоќа околу 22.45 часот уапсиле пет лица од слобода и тоа И.Џ (21) и А.Џ (18) од Горна Бањица и Л.А (18)од Гостивар, кај кои е пронајдена марихуана.

Во 3.10 часот, пак биле уапсени уште двајца и тоа 17-годишно момче и С.М (25) од Гостивар, кај кои е пронајден кокаин.

По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани новости